На состанокот, прв од ваков вид во Шпанија, на кој присуствуваа претставници на сите прволигашки и второлигашки клубови, беше заземен ставот да се санкционира Реал Мадрид поради притисок врз судиите.
Претседателот на шпанската фудбалска лига Хавиер Тебас изјави дека размислува за преземање на правни постапки поради писмото кое Реал Мадрид го објави оваа недела, во кое ја обвинува лигата дека работи против Реал во корист на други клубови.