Винисиус неколку години наназад ги фрустрира противниците со своето однесување, секој натпревар влегува во конфликт и со судиите, но Бразилецот почна да им оди на нерви и на сопствените соиграчи од Реал Мадрид, како што тоа беше случај со Лука Модриќ на синоќешниот дуел од Копа дел реј против Леганес.
Реал Мадрид синоќа со големи маки обезбеди пласман во полуфиналето од Копа дел Реј со гол во судиското продолжение против Леганес.