Манчестер Сити и Реал Мадрид во вторник во 21 часот на стадионот Етихад го играат прв натпревар од плејофот за влез во осминафиналето на Лигата на шампионите.
Сити ја заврши групната фаза на 22. место, a Реал беше на 11. Продолжување во натпреварувањето изборија 24 од 36 клубови, при тоа што Ливерпул, Барселона, Арсенал, Интер, Атлетико Мадрид, Баер, Лил и Астон Вила директно изборија осминафинале.