Фудбалерите на Реал Мадрид победија во првиот натпревар од плејофот за влез во осминафиналето од Лигата на шампионите на гостувањето кај Манчестер Сити.
Иако Англичаните водеа со 1:0 и 2:1 со головите на Ерлинг Халанд, Реал изедначи преку Килијан Мбапе и Брахим Дијаз, за во 92. минута Џуд Белингем да постигне гол за победа од 2:3. По натпреварот изјава за медиумите даде тренерот на Реал Мадрид Карло Анчелоти.