Фудбалскиот клуб Вардар денеска беше поразен од Шкендија со 2-1 на домашен терен и сега е на последното место на табелата во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ). Сите три погодоци на арената „Тоше Проески“ беа постигнати во вториот дел.
Еден од најдобрите фудбалери во македонското првенство, Бесарт Ибраими го немаше никаде речиси еден час на дуелот меѓу Вардар и Шкендија на арената „Тодор Проески“, но демонстрирајќи ја својата вистинска класа малку му требаше да најде простор за мајсторски погодок за водство на Шкендија од 0-1. Во 54.минута од средбата најдобриот стрелец во историјата на македонскиот фудбал прими топка на 18 метри и извонредно шутираше совладувајќи го Талевски за водство од 0-1 на тетовци… Сето тоа дојде во моментите кога Вардар беше подобар на теренот, имаше и одлична можност за погодок но гредата од голот на Шкендија во 51. минута спречи водство од 1-0 за Вардар по извонредниот обид на Азер Омерагиќ со глава.