Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, не го криеше своето незадоволство од судењето на Хозе Луис Мунуера Монтеро по нерешениот резултат 1:1 против Осасуна.
Искусниот италијански стратег имаше сериозни забелешки, како на одлуката за црвениот картон на Џуд Белингем, така и на неколку ситуации во шеснаесетникот на противникот, кои, според него, требало да бидат прегледани со ВАР, но беа игнорирани.