Александар Исак блесна и во новата сезона постигнувајќи 19 голови и пет асистенции на 29 натпревари во Премиерлигата.
Неговиот трансфер се чини неизбежен со оглед на тоа што Њукасл Јунајтед се мачи да ја исполни целта – изборување на место во Лигата на Шампионите па сега е на врвот на трансфер листата на европски гиганти како Барселона, Арсенал, Челси… Во трката за 25-годишниот Швеѓанец е и Ливерпул кој за разлика од останатите клубови кои нема да имаат проблем да ја издвојат посакуваната сума од 100 до 120 милиони евра за негов ангажман нуди нешто повеќе од само пари.