Шпанскиот суд го казни поранешниот претседател на шпанската фудбалска федерација Луис Рубиалес за насилно бакнување на фудбалерката Џени Хермосо со 10.800 евра, а тој чин судот го опиша како сексуален напад.
Луис Рубиалес, поранешен претседател на Фудбалскиот сојуз на Шпанија, е осуден на 18 месеци парична казна за сексуален напад, откако без согласност ја бакна фудбалерката Џенифер Хермосо за време на церемонијата за доделување медали на Светското првенство во Сиднеј во август 2023 година.