Манчестер Јунајтед успеа да се спаси од пораз и од 0-2, да стигне до бод на гостувањето кај Евертон.
Екипите на Евертон и Манчестер Јунајтед одиграа супер-возбудлив натпревар на „Гудисон Парк“ како отворање на денешната програма во Премиер лигата, кој заврши без победник (2-2). Со овој резултат, Евертон ја продолжи серијата без пораз, а Манчестер Јунајтед ја продлабочи кризата без победа.