Модриќ постигна гол во вчерашната победа на Реал од 2-0 против Џирона, а тренерот Карло Анчелоти по натпреварот изјави дека хрватскиот ветеран треба да продолжи да игра за европскиот шампион додека сака.
Раководството на Реал Мадрид ќе му понуди нов договор на капитенот на хрватската фудбалска репрезентација Лука Модриќ за уште една сезона, иако во септември ќе наполни 40 години, објави денеска Никола Скира, истакнат италијански новинар и експерт за трансфери на фудбалери. Kanal5