Вестите на денот, кратко и јасно, секој ден во твојот инбокс.
Фудбалерите на Интер Мајами го победија Канзас Сити со 3:1 во натпреварот од Купот на шампионите, а Лионел Меси покажа дека се уште е класа кога постигна спектакуларен гол во 19. минута.
Меси на одличен начин, од полуволеј го совлада голманот на Канзас.
Тадео Аљенде зголеми на 2-0 по додавањето на Жорди Алба, а Суарез, по асистенцијата, успеа и самиот да се запише во листата на стрелците за убедливи 3-0. Единствениот гол за Канзас го постигна Мемо Родригез, кој само го ублажи поразот на својот тим.
Интер Мајами во осминафиналето ќе се соочи со Кавалиер од Јамајка. Sport1
Аргентинскиот ас Лионел Меси, уште еднаш покажа дека е светска класа, откако постигна спектакуларен гол за Интер Мајами, со кој го однесе тимот во осминафиналето на Купот на шампионите. Ekipa
Во осминафиналето, Интер ќе игра против Кавилирс од Јамајка.
Првиот меч е закажан за 6. март, а реваншот е осум дена подоцна. Ekipa
Напаѓачот комбинира акција со искусниот Луис Суарез, па погоди во мрежата на американскиот ривал за што доби овации од стадионот.
Во продолжението од мечот, голови за Интер Мајами постигнаа уште Аленде и Луис Суарез пред финишот на првото полувреме, додека во вториот дел Родригез даде гол за гостинот кој се покажа како почесен. Gol
Интер Мајами славеше против Канзас Сити со 3:1. Меси и Суарез се запишаа на листата на стрелци по еднаш.
Лионел Меси наводно изјави дека не може да ја заврши кариерата без да игра на обновениот „Камп Ноу“, кој би требало да биде подготвен следната година.
Навивачите на Барселона утрово се во еуфорија бидејќи се појави вест на социјалните мрежи дека Лионел Меси има план да се врати во каталонскиот клуб и веќе е јасно кога тоа ќе се случи.
Поранешниот тренер на Рафаел Надал, Тони отворено застана во одбрана на Јаник Синер по допинг скандалот што го потресе тенисот.
Напредокот на спортската медицина придонесе кариерите на врвните спортисти значително да се продолжат, па место до почетокот од четвртата деценија, тие сега се способни да играат на високо ниво безмалку до нејзиниот крај.
Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар се пласира во полуфинале на македонскиот Куп, откако денеска триумфира со 1-0 против Силекс.
Денеска со 1/4 финалните натпревари, продолжуваат возбудувањата и во Купот на Македонија, после кои ќе бидат познати сите полуфиналисти во најмасовното натпреварување, со оглед дека се игра само еден меч, без реванш.
Големиот лидер на Ливерпул Мохамед Салах даде искрено интервју и оваа сезона, по што навивачите на тимот останаа со впечаток дека Египќанецот веќе го започнува процесот на простување со нив.
Легендата на Манчестер Јунајтед и еден од најпознатите фудбалски коментатори, Гери Невил, во неговиот подкаст го анализираше дуелот меѓу Ливерпул и Манчестер Сити овој викенд.