Тренерот на Фенербахче, Жозе Муринјо, се наоѓа во незавидна ситуација, бидејќи поради расистички коментари после дербито во Истанбул му се заканува шестмесечна суспензија, објавија турските медиуми.
Управата на турскиот фудбалски клуб Фенербахче го брани својот тренер кој се најде под критики од големиот ривал Галатасарај.
Галатасарај го критикуваше тренерот на Фенербахче Жозе Мурињо по натпреварот од 25. коло во турскиот шампионат (0:0). По натпреварот, Мурињо изјави дека во еден инцидент претставниците на противникот „скокале на клупата како мајмуни“.