Потпишувањето на политичката декларација за основање на Совет за соработка на високо ниво помеѓу Турција и Северна Македонија е многу значаен чекор со кој ние можеме да ги подигнеме на уште повисоко ниво односите меѓу нашите две земји во трговијата и економијата.
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска патува во посета на Република Турција, соопшти владината прес-служба.
Турција е државата со која имаме многу заеднички елементи во културата, традицијата, заеднички интереси и одлични односи на македонскиот и турскиот народ, на македонските граѓани и на турските граѓани, истакна премиерот Христијан Мицкоски, за време на својата прва официјална посета на Турција.
Денеска остварив средба со претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, на која ја потврдивме нашата заедничка посветеност за зајакнување на стратешкото партнерство меѓу двете земји, напиша премиерот Христијан Мицкоски, на неговиот Фејсбук профил.