Управата на турскиот фудбалски клуб Фенербахче го брани својот тренер кој се најде под критики од големиот ривал Галатасарај.
Поранешниот играч на Галатасарај и Челзи, Дидие Дрогба, застана во одбрана на Жозе Мурињо по обвинувањата за расизам.
Галатасарај го критикуваше тренерот на Фенербахче Жозе Мурињо по натпреварот од 25. коло во турскиот шампионат (0:0). По натпреварот, Мурињо изјави дека во еден инцидент претставниците на противникот „скокале на клупата како мајмуни“.
Поранешниот фудбалер на Челзи Дидие Дрогба, кој година и пол играше и во Галатасарај, испрати порака до “Џим Бом” со која го одбрани Жозе Мурињо од обвинувањата за расизам.