Тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо има намера да го тужи Галатасарај, јавува Би-Би-Си. Двата тима одиграа нерешено (0:0) во натпревар од 25. коло на турскиот шампионат.
Легендарниот португалски тренер добил суспензија од четири натпревари и парична казна од фудбалската федерација на Турција поради неговите коментари по големото дерби на Истанбул.
Дидие Дрогба, поранешен напаѓач на Галатасарај, застана во одбрана на Жозе Мурињо, по обвинувањата за расизам кон Португалецот.