Со мечот меѓу Вардар и Беса кој се игра од 14 часот на „Градски“ во Скопје, почнува 21. коло од Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ). Црвено-црните се во налет, по лигашката победа во Струга и триумфот против Силекс во Купот на Македонија, Вардар има можност да врзе три триумфи по ред доколку денеска слави над Беса.