Реал Мадрид претрпе уште еден пораз во Ла Лига, губејќи значајни бодови во трката за титулата откако „кралевите“ вечерва загубија во Севилја од тимот на Бетис со 2-1. Брахим Дијаз донесе водство на шпанскиот првак, кој имаше контрола во првите триесетина минути и се чинеше дека рутински ќе стигне до триумф, но ситуацијата се промени откако Кардозо одлично се снајде и донесе израмнување на 1-1. Фудбалерите на Бетис добија на самодоверба и почнаа да доминираат, „кралевите“ како да загубија здив, што резултираше со целосен пресврт откако Иско од пенал донесе водство на домаќините.
Фудбалскиот клуб Реал од Мадрид е санкциониран од Европската фудбалска федерација поради испадот на навивачите за време на реваншот од 1/16 финалето од Лигата на шампионите против Сити.