Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, изрази голема почит кон градскиот ривал Реал Мадрид пред утрешниот дуел на “Сантијаго Бернабеу” во осмина-финалето на Лигата на шампионите.
Атлетико Мадрид е новиот лидер во шпанското фудбалско првенство, откако синоќа го совлада Атлетик Билбао на домашен стадион со минимални 1-0. Голот за искачување на првото место во Ла Лига го постигна Хулијан Алварез во 66. Минута, седум минути откако влезе на теренот на местото на Норвежанецот Александар Сорлот.