Голманот на Бајерн Минхен, Мануел Нојер, се повреди во средата навечер во Лигата на шампионите додека го прославуваше голот за својата екипа во победата против Леверкузен (3:0) и нема да биде на располагање до натамошно известување, соопшти германскиот клуб во четвртокот наутро.
“Нашиот 38-годишен капитен претрпе раскинување на мускулот во десната потколеница и ќе биде недостапен во следните натпревари,” се наведува во соопштението на Бајерн по победата над Баер Леверкузен 3:0 во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите на Алијанц Арена. Sportski