Најверните навивачи на Вардар, преку соопштение реагираат, како што велат, дека „управата на клубот не сака во недела во Кратово да има навивачи на Вардар!“. „Црвено-црните“ во недела против Силекс ги очекува првиот натпревар од третиот круг во домашниот шампонат, а „Комитите“ информираат дека до кратовци не е поднесена пријава за присуство на гостински навивачи како што беше тоа случај на претходните натпревари со дозволено присуство на гостински фанови.
Преку серијал свои текстови, најголемото македонско фудбалско име во историјата, Дарко Панчев, а како постепена најава на 80-годишнината од формирањето на најтрофејниот македонски клуб, низ наредниот период, за ЕКИПА, ќе долови ексклузивни, досега нераскажани, приказни од најпрепознатливите 60 бисерни вардарови натпревари, преку кои на вистински начин се откриваат тајните каде всушност лежи големината на црвено-црните бои.