Фудбалерите на Астон Вила го совладаа Брентфорд на гости со 1-0 во рамките од 28. коло во англиската Премиер лига. жОвој натпревар го „реши“ поранешниот фудбалер на „пчелките“, Оли Воткинс во 49. минута.
Тренерот на Астон Вила, Унаи Емери повтори дека приоритет за неговиот тим е англиското првенство, и покрај победата од 3-1 над Бриж во првиот меч во Лигата на шампионите и со тоа екипата од Бирмингем е пред пласман во 1/4 финалето во најелитното европско натпреварување.