Голманот Кун Кастелс се повлече од репрезентацијата на Белгија во знак на протест поради враќањето на неговиот ривал Тибо Куртоа во тимот.
Кастелс беше стартер во тимот во последните 18 месеци, а Куртоа одби да игра за „црвените ѓаволи“ поради конфликт со сега веќе поранешниот тренер Доменико Тедеско, но по назначувањето на Французинот Руди Гарсија на оваа позиција, голманот на Реал Мадрид изјави дека е подготвен да се врати.