Рафиња постави рекорд во Лигата на шампионите, кога станува збор за бразилските играчи во најелитното европско клупско натпреварување.
Натпреварот помеѓу Барселона и Бенфика е полн со возбудувања и видовме четири гола на полувреме (3:1). Јамал прво имаше мајсторска асистенција со Рафиња, а потоа даде гол со кој стана втор најмлад стрелец во историјата на нокаут фазата во ЛШ. Јамал има 17 години и 241 ден, а рекордот го држи некогашниот мега талент на Барса, Бојан Кркиќ, кој имаше 17 години и 217 дена кога му даде гол на Шалке во елиминациски меч.