Реал Мадрид и Атлетико Мадрид ќе играат за 28. пат во реванш натпреварот од осминафиналето на Лигата на шампионите.
Шпанскиот гигант Реал Мадрид доби лоши вести по натпреварот против Рајо Валјекано (2-1), откако се повредија тројца фудбалери кои се неизвесни за настап против градскиот ривал Атлетико Мадрид во Лигата на шампиони (ЛШ). Медиумите пишуваат дека Винисиус Жуниор добил удар во палецот на десната нога, додека Џуд Белингам ја повредил десната натколеница.