Пари Сен Жермен подобро шутираше пенали и го исфрли Ливерпул во осминафиналето на Лигата на шампионите.
Фудбалерите на ПСЖ одиграа неверојатен натпревар во првата осминафинална средба против Ливерпул во Лигата на Шампионите, но и покрај тоа што имаа 27 обиди кон противничкиот гол, не успеаја да ја затресат мрежата, а англискиот состав од само два обида стигна до предност од 1-0. Сега „светците“ ги очекува „пекол“ на легендарниот англиски стадион „Енфилд“ во реваншот, но настап на него носи посебна мотивација, како што вели тренерот Луис Енрике.