Фудбалерите на Борусија Дортмунд се петтиот патник во четвртфиналето сезонава во Лигата на шампионите, откако вечерва на гостувањето во Франција кај Лил славеа со 1-2, откако првиот натпревар пред седум дена одигран во Германија заврши без победник 1-1. Домаќините подобро отворија и по пет минути водеа со 1-0 со голот на Џонатан Давид.
Борусија Дортмунд успеа да се квалификува во четвртфиналето на Лигата на шампионите со победа од 1-2 на гости кај Лил во Франција.