Од годинашните четвртфиналисти, Астон вила беше во четвртиот барабан пред ждрепката за лигашката фаза, Арсенал во вториот, а другите шест тима во првиот… Ланските финалисти во фудбалската Лига на шампионите останаа во трка за нов меч за европската титула, половина од четвртфиналистите меѓу осумте најдобри се пласираа преку плејофот, повратникот во најсилното клупско натпреварување, Астон вила, пред ждрепката беше во четвртиот барабан… Тоа е епилогот по возбудливото осминафинале на реформирана ЛШ, која досега донесе многу дерби-дуели, одлична ефикасност (3,22 гола по натпревар, втора најефикасна сезона откако натпреварувањето се игра како ЛШ, од 1992 година)… За влез во полуфиналето во април ќе играат Пари сен Жермен – Астон вила, Арсенал – Реал Мадрид, Барселона – Борусија Дортмунд и Баерн – Интер. Novamakedonija