Алварез го совлада Тибо Куртоа и израмни на 2:2 во серијата на пенали, но потоа од ВАР собата го контактираа Марчинјак, кој на крајот го поништи погодокот, а веднаш потоа Федерико Валверде го доведе Реал во предност со резултат 3:2. Многумина гледачи преку телевизиските екрани, како и сите оние на стадионот, останаа во чудење зошто Полјакот одлучи да го поништи голот на Алварез кој на прв поглед изгледаше сосема исправен. Sportski