Жозе Мурињо е огорчен по драматичното испаѓање од Лига Европа.
Во првиот натпревар од осминафиналето неговиот Фенербахче изгуби во Истанбул со 1:3 од Ренџерс, но потоа во реваншот во Глазгов ги победија со 2:0. За конечниот победник одлучуваа пенали, во кои домаќините беа поуспешни и продолжија со 3:2. По ваквото испаѓање од Европа, Мурињо изјави: “Се надевам дека сето тоа што ми се случува во европските натпреварувања не е последица од финалето на Лига Европа 2023. во Будимпешта, туку е случајност.