Вестите на денот, кратко и јасно, секој ден во твојот инбокс.
Лондонски Арсенал има намера во летниот преоден рок да го ангажира крилото на Баерн, 29-годишниот Лерој Сане, кој ќе биде слободен играч бидејќи неговиот договор со баварскиот клуб истекува во јуни, објавија во петокот британските медиуми.
Сане оваа сезона во сите натпреварувања постигна осум гола и даде четири асистенции, а германскиот клуб засега не покажува интерес за продолжување на неговиот договор.
Англискиот премиерлигаш Арсенал има намера во летниот преоден рок да го доведе 29-годишниот крилен напаѓач на Баерн Минхен, Лерој Сане, кој ќе биде слободен играч бидејќи договорот со баварскиот клуб истекува во јуни, објавија британските медиуми.
Сане оваа сезона постигна осум гола и четири асистенции во сите натпреварувања, а германскиот клуб засега не покажува интерес за продолжување на неговиот договор. Ekipa
Според „Скај Спорт“, Сане моментно е поблиску до заминување отколку до останување во Минхен.
Клубовите од Премиер лигата, вклучително и Арсенал, внимателно ја следат неговата ситуација и сакаат да го ангажираат без обештетување следното лето. Sportski
Во корист на Арсенал е фактот што тренерот Микел Артета соработуваше со него кога беше помошник на Пеп Гвардиола во Манчестер Сити.
Новиот спортски директор на „топчиите“ Андреа Берта, кој од 2017 до јануари годинава беше многу успешен на таа работа во Атлетико Мадрид, летово ќе има на располагање 360 милиони евра за засилувања. Ekipa