Резултатската криза на Јувентус уште повеќе се продлабочи откако „црно-белите“ загубија на денешното гостување против Фиорентина со 3-0. Тијаго Мота повторно делуваше безидејно, неговите избраници потклекнаа на сличен начин како и минатиот викенд на домашен терен против Аталанта, па прашање е дали Јуве ќе најде начин да излезе од оваа криза и да се врати во Топ 4 за место кое води во ЛШ следната сезона.
Навивачите на Фиорентина ја искористија можноста да го провоцираат Душан Влаховиќ, поранешниот напаѓач на овој клуб, кој за време на натпреварот против Јувентус остана на клупата!