Лука Модриќ наскоро ќе наполни 40 години, но хрватскиот ветеран се уште не е подготвен да ги закачи копачките на клин – доколку Реал Мадрид му понуди нов договор.
Лука минатото лето одби супер-богата понуда за преселба во Саудиска Арабија, јасно ставајќи до знаење дека негова единствена желба е да остане во Реал Мадрид.
Што се однесува до Модриќ, нема сомнеж.
И по 579 натпревари и 28 трофеи, тој сè уште сака да игра за Реал. Kajgana
Лука Модриќ е во последните месеци од договорот со Реал Мадрид. Gol
Актуелниот договор со клубот му истекува на крајот на јуни, а желбата на ветеранот е да остане уште една година.
Сепак, во Мадрид веќе се подготвуваат за животот „по Модриќ“. Gol
Модриќ веќе две години наназад има понуди од Саудиска Арабија, но ги одбиваше, во желба да се натпреварува на највисоко ниво.
И оваа сезона тој е многу важна алка во тимот на Карло Анчелоти, одигра дури 44 натпревари во сите натпреварувања, најчесто влегувајќи како замена, но имаше огромно влијание, како и секогаш. Sportski
Флорентино Перез му ја исполни желбата со нов едногодишен договор, но сега ситуацијата е идентична како и лани, Модриќ смета дека може да продолжи да игра уште една година, но само во дресот на Реал Мадрид. Ekipa
Со оглед на возраста на Модриќ, во последните години клубот му ги продолжи договорите на уште една година.
Сепак, Модриќ во септември ќе наполни 40 години, па сè почесто се зборува дека ова би можеле да бидат неговите последни месеци во најголемиот клуб. Kajgana
Вестите на денот, кратко и јасно, секој ден во твојот инбокс.
Напаѓачот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд размислува да го напушти клубот доколку „Граѓаните“ не успеат да изборат учество во Лигата на шампионите следната сезона.
На сите им е познато дека Ерлинг Халанд спаѓа меѓу најдобрите напаѓачи во светот, но ова не е негова сезона, ниту на Манчестер Сити.
Атлетико Мадрид и Барселона ни приредија два спектаклa во 2025 година.
Во дербито на 28. коло на шпанското фудбалско првенство, Барселона ја надомести негативата од два гола на мадридскиот стадион „Метрополитано’ и го совлада домашниот тим Атлетико со 4:2. Јулијан Алварез го доведе Атлетико во водство во 45. минута.
Германскиот тренер Ханси Флик има добри резултати на кормилото на Барселона и во моментов е лидер во шпанската Ла Лига, но има еден проблем со претседателот на тимот, Жоан Лапорта.
Екипата на Барселона е многу блиску до продолжување на договорот со Жил Кунде.
Белгискиот голман Тибо Куртоа за првпат по пауза од две години се приклучи на репрезентацијата, откако претходно не добиваше повик поради караница со бившиот селектор Доменико Тедеско.
Претседателот на Атлетико Мадрид Енрике Серезо, врати на прозивките на голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа кој по елиминацијата во Лигата на шампионите рече дека Атлетико само „плачат“ и дека му е повеќе смачено од нивните „плачења“.
Американските медиуми пишуваат дека Лос Анџелес Лејкерс е во потрага по нов центар, а поранешниот соиграч на Лука Дончиќ, Даниел Гафорд би можел да биде потенцијално засилување.
Легендата на Далас Маверикс, Дирк Новицки верува дека Лука Дончиќ ќе продолжи да настапува во Лос Анџелес и нема да бара нова средина како слободен играч со оглед на тоа што и ја има таа опција.