Со растреперен глас и видно вознемирен, дефанзивецот на македонската фудбалска репрезентација даде куса изјава пред првиот квалификациски меч против Лихтенштајн на гости, во сабота со почеток од 15 часот.
Македонскиот фудбалски репрезентативец Јован Манев, кој е роден во Кочани, во емотивно обраќање денеска рече дека двата претстојни натпревари во мундијалските квалификации доаѓаат во тешки денови за него лично и за целата нација, откако 59 лица загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“.