Напаѓачот на Аргентина Лаутаро Мартинес ќе ги пропушти претстојните квалификации за Светското првенство против Уругвај и Бразил поради повреда на тетивата, соопшти во средата аргентинската федерација.
Репрезентацијата на Аргентина пред неколку дена остана без најголемата ѕвезда Лионел Меси, а денеска уште еден фудбалер отпадна од списокот за квалификациските натпревари за Светското првенство (СП). „Гаучосите“ ќе бидат и без фудбалерот на Интер, Лаутаро Мартинез на дуелите против Бразил и Уругвај, откако почувствувал болка во мускулите на денешниот тренинг.