Пред вториот натпревар од четвртфиналето на Лига на нации помеѓу Португалија и Данска, капитенот на домашната репрезентација, Кристијано Роналдо, ја доби наградата за влез во Гинисовата книга на рекорди.
Кристијано Роналдо ја коментираше ситуацијата со Расмус Хојлунд на натпреварот од Лигата на нации меѓу Португалија и Данска, кој „црвениот динамит“ го доби со 1:0. Победничкиот гол на натпреварот го постигна Хојлунд, кој го прослави со потегот наречен „сиу“, препознатлив само за Роналдо.