Поранешниот претседател на ФИФА Сеп Блатер (88) и великанот од францускиот и светскиот фудбал, поранешниот претседател на УЕФА Мишел Платини (69), се ослободени од обвиненијата за корупција, соопшти швајцарскиот суд во Мутенц, во близина на Базел.
Швајцарскиот вонреден апелационен суд во Мутенц повторно ги ослободи поранешниот претседател на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) Мишел Платини и поранешниот претседател на Меѓународната фудбалска асоцијација (ФИФА) Зеп Блатер од обвиненијата за измама, фалсификување, лошо управување и проневера на повеќе од 2 милиона долара од парите на ФИФА во 2011 година.