Десниот бек на Ливерпул, 26-годишниот Трент Александер-Арнолд по завршувањето на сезоната го напушта „Енфилд“ и кариерата ќе ја продолжи во Реал Мадрид, објавија во вторникот британските медиуми, додавајќи дека англискиот репрезентативец веќе ги договорил сите детали со „Кралскиот клуб“.
Гигантот чии навивачи ги очекува многу интересно лето е Реал Мадрид, кој би требало да донесе неколку извонредни засилувања.