Мадридски Ас пишува дека раководството на Реал Мадрид нашло наследник на Лука Модриќ за кога Хрватот ќе замине во пензија.
Информациите од Шпанија велат дека тоа е играчот од средниот ред на Реал Сосиедад и шпанската репрезентација, Мартин Зубиеменди (26). Популарниот Зуби, инаку, беше „виден“ во Арсенал на крајот од сезоната, но интересот на Кралскиот клуб го расипа договорот на „топчиите“.