Српскиот тенисер го продолжува походот кон трофејот на Мастерсот во Мајами, откако во одложениот натпревар од четвртфиналната фаза со сигурни 2-0 го совлада домашниот тенисер Себастиан Корда (6-3, 7-6/4). Американецот и покрај проблемите со повредата на зглобот, поради која неговиот настап на овој натпревар беше ставен под знак прашалник, одлично се држеше против фаворизираниот противник. Gol