Шпанскиот фудбалски прволигаш Барселона потврди денеска дека во следните три недели ќе биде без Дани Олмо, откако играчот за врска на каталонскиот клуб го повреди десниот бутен мускул на првенствениот натпревар против Осасуна во четвртокот (3:0). Поради повредата, Олмо ќе мора да ги пропушти првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампиони против Борусија Дортмунд, првенствениот натпревар против Џирона и реваншот од полуфиналето на Купот на Шпанија против Атлетико Мадрид.
Дани Олмо го постигна вториот гол во победата на Барселона над Осасуна (3-0). Сепак, Олмо и Каталонците немаат големи причини за славје, бидејќи шпанскиот репрезентативец се повреди четири минути по постигнувањето на голот и мораше да биде заменет.