Фудбалерите на Арсенал и дефинитивно ја загубија битката за титулата во Премиерлигата откако во премиерниот меч од 31. коло ремизираа на гостински терен кај Евертон 1-1. Гостите поведоа со 0-1 со голот на Тросар во 34. минута.
Фудбалерите на Арсенал направија нов голем кикс во Премиер лигата, бидејќи во 31. коло не успеаја да го совладаат Евертон на Гудисон Парк, а резултатот беше нерешен 1:1. Тренерот Микел Артета изведе комбиниран состав на ова гостување, чувајќи ги главните фудбалери како Мартин Одегард и Букајо Сака за натпреварот со Реал Мадрид во вторник, но и покрај тоа Топџиите играа одлично во воведните минути.