Според англиските медиуми, големата желба на Пеп Гвардиола е ѕвездата на Баер Леверкузен, Флоријан Виртц.
Најавеното заминување на Кевин Де Брујне од Манчестер Сити на крајот од сезоната предизвика немир во инаку монотониот петок во англискиот фудбал, а една од информациите што се појави во врска со идните чекори на актуелниот шампион на Премиер лигата се однесува на гестот на благодарност кон белгискиот ас. Како што пренесува „Дејли Мејл“, Сити планира да му се оддолжи на Де Брујне така што пред „Етихад“ ќе му изгради статуа, слично на тоа што направи кога од клубот заминаа Венсан Компани, Дејвид Силва и Серхио Агуеро.