Во Париз, во хотелот Пулман во близина на Ајфеловата кула, правните застапници на Килјан Мбапе одржаа прес-конференција за да го објават конфликтот со Пари Сен Жермен.
Тие најавија покренување граѓанска, кривична и работна тужба и побараа од УЕФА да го анализира спорот, со закана за забрана на лиценцата за Лигата на шампионите доколку ПСЖ не ги подмири долговите, пишува As во текстот со наслов . Адвокатката Делфин Верхејден најави правни чекори за наплата на 55 милиони евра.