Фудбалерите на Манчестер Сити победија на крилјата на Кевин Де Брејне против тимот на Кристал Палас со резултат 5:2. Иако Палас водеше 2:0, Сити додаде гас и сосема заслужено освои три поени.
Фудбалерите на Манчестер Сити присетија на врвната форма и карактерот кој ги красеше изминатите сезони во 32. коло од Премиерлигата приредувајќи фантастичен камбек против Кристал Палас за убедлива победа од 5-2. По само 21. минута игра „граѓаните“ имаа негатива од два гола откако мрежата ја тресеа Езе и Ричардс, а лесно можеше на семафорот да стои и резултат 0-3 доколку голот на Езе во 28. минута не беше постигнат од офсајд.