Нико Ковач, тренерот на Борусија Дортмунд посака неговите избраници да покажат поинакво лице во споредба со првиот натпревар одигран во Барселона.
Фудбалерите на Барселона уште во првиот натпревар пред својата публика го решија најголемиот дел од работата за пласманот во полуфиналето на Лигата на шампионите, откако Борусија Дортмунд ја совладаа со убедливи 4-0. Сепак, реваншот во Дортмунд се сфаќа многу сериозно, па тренерот Ханси Флик на патување однесе 23 играчи.