Името на Фаџоли повторно стана актуелно овие денови при новите сознанија поврзани со онлајн обложување на некои многу познати фудбалери од Серија А. Меѓу нив се Николо Заниоло, Вестон Меκкени, Анхел ди Марија, Матија Перин, Раул Беланова… Сите споменати, како што досега е утврдено, не се обложувале на фудбалски натпревари, туку само на покерски игри, па ако е тоа навистина така, ги чека само мала парична казна.