Фудбалерите на Наполи се доближија на три бода зад лидерот Интер со рутинската победа од 3:0 (1:0) на домашен терен против Емполи во последниот натпревар од 32. коло на италијанскиот шампионат.
Два гола на Скот Мектоминеј, две асистенции и погодок на Ромелу Лукаку за триумф на Наполи над Емполи со убедливи 3-0. Наполи ја продолжува трката со Интер по Скудетото, денеска тимот на Конте ја оправда фаворитската улога против Емполи кој се бори за опстанок.