Веќе во следниот напад Симеоне го комплетира пресвртот и на асистенција на Бариос донесе прва предност за Атлетико на овој натпревар (2-1). Но, само што започна второто полувреме Ваљадолид успеа одново да ја изигра домашната одбрана и Санчез стрелаше за ново израмнување (2-2). По примениот гол Диего Симеоне направи дури четири замени за само седум минути и тоа вроди со плод, откако Алварез по вторпат беше прецизен од белата точка и го врати Атлетико во предност. Gol