Нејмар реши да си замине од Ал Хилал и да се врати во Бразил во обид да ја врати кариерата на посакуваните патеки.
Се најавуваше и камбек во европскиот фудбал во текот на летово, но тоа тешко дека ќе може да се реализира по серијата повреди што голгетерот ја има и во дресот на Сантош.
Прославениот напаѓач Нејмар во февруари се врати во Сантос, клубот од кој потекнува, но досега одигра само осум натпревари и постигна три гола.
Португалецот Каиксиња на клупата на Сантос остана само четири месеци. Netpress
Бразилецот Нејмар (33) доживеа ново искуство по враќањето во Сантос, но второто, како што стојат работите, уште долго ќе го одвои од терените.
Нејмар ја напушти играта во 34. минута од натпреварот против Атлетико Минеиро во 4. коло од бразилската Серија А. Neymar injured again. A1on
Некогашниот голем бразилски талент Нејмар доживеа уште една тешка повреда, овојпат на мечот од четвртото коло во бразилското првенство, против Атлетико Минеиро.
Од она што можеше да се забележи, станува збор за повреда на задната ложа, но солзите на неговото лице при излегувањето на теренот, како и неговата историја на повреди, навестуваат дека ова би можело да биде крај на неговата кариера. Sport1
Нејмар емотивно излезе од теренот со солзи во очите, соиграчите му дадоа поддршка, а навивачите и сите останати се надеваат дека ѕвездата ќе мине полесно.
Оваа повреда фрли сенка на јубилејот за Нејмар, кој го одигра стотиот натпревар на „Вила Белмиро“ и поради тоа на почетокот излезе со дрес на кој имаше број „100“. Gol
Вестите на денот, кратко и јасно, секој ден во твојот инбокс.
Вирџил ван Дајк и во следните две години ќе го носи дресот на Ливерпул откако денеска официјално ја продолжи соработката со премиерлигашот која трае од 2018 година.
Капитенот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк, очекува големо лето на трансфер пазарот на Ливерпул, кој ќе бара засилувања по речиси сигурниот триумф во Премиер лигата.
Арсенал има капитална предност од 3:0 во четвртфиналната пресметка од ЛШ против Реал Мадрид.
Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти бил емотивен на тренингот на тимот во пресрет на реваншот со Арсенал во четвртфиналето од Лигата на шампионите, пренесува „COPE“.
Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти ги посочи главните цели на мадридскиот клуб за остатокот од сезоната по елиминацијата од Лигата на шампионите.
Екипата на Интер се избори полуфинале во Лигата на шампионите, откако синоќа на домашен терен ремизираше против Баерн Минхен (2-2) со што ја потврди предноста стекната во првиот натпревар во Германија (1-0). Иако баварскиот гигант направи пресврт во текот на мечот, „нераѕурите“ успеаја да се вратат со втор погодок и да ја задржат предноста.
Баерн Минхен прв поведе на натпреварот на „Сан Сиро“ против Интер, но домаќините за само две минути успеаја да го променат резултатот.
Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа, го критикуваше настапот на своите соиграчи откако актуелниот шампион во Лигата на шампионите синоќа заслужено беше елиминиран од Арсенал со вкупни 5:1. Лондонскиот клуб пристигна на „Сантјаго Бернабеу“ со водство од 3:0 од првиот меч на „Емирејтс“, а таа предност можеше да ја зголеми уште во првото полувреме доколку Куртоа не го одбранеше лошо изведениот пенал на Букајо Сака.
Арсенал имаше голема шанса за водство против Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“, но Букајо Сака не искористи удар од белата точка.
Елиминацијата од Лигата на Шампионите и дефинитивно означи крај на ерата на Карло Анчелоти во Реал Мадрид, останува само дилемата дали Флорентино Перез ќе реши да го отпушти трофејниот стратег среде сезона или тоа ќе го стори откако ќе заврши Ла Лига, во пресрет на клупскиот мундијал.
Јирген Клоп на крајот од минатата сезона го напушти Ливерпул и стана директор во РБ Лајпциг.