Натпреварите од висок ризик во италијанското првенство следната сезона веќе нема да се играат во вечерните часови, одлучи денеска италијанското Министерство за внатрешни работи како одговор на насилството што му претходеше на неделното дерби во Рим.
„Во текот на сезоната 2025/26, веќе нема да биде дозволено натпреварите од висок ризик да започнат во вечерните часови, како што се случи со натпреварот помеѓу Лацио и Рома“, се вели во дописот на Министерството за внатрешни работи до Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ). Според италијанските медиуми, Министерството за внатрешни работи, исто така, им забранило на навивачите на Лацио и Рома да присуствуваат да присуствуваат на гостинските натпревари на следните три дуели.